Достапни линкови

Сенатори бараат прекин на помошта од САД за Кина


Група американски сенатори од двете партии повика на прекин на развојната помош на Вашингтон за Кина во износи од десетици милиони долари годишно. Сенаторите укажале дека Кина веќе не е сиромашна земја, туку втора по големина економија во светот, која има илјадници милијарди долари девизни резерви. Според нив, САД од 2001 година дале повеќе од 275 милиони долари директна помош за Кина, меѓу другото за ширење на пристапот до интернет и за подобрување на јавниот транспорт.
XS
SM
MD
LG