Достапни линкови

logo-print

Инфлацијата во Венецуела поголема од 25 насто


Инфлацијата во Венецуела порасна на 25,1 насто на годишно ниво, соопштија Централната банка и Националниот институт за статистика. Само во текот на јули цените скокнале за 2,7 проценти, а особено е поскапена храната. Венецуела во последните години редовно има најголема инфлација во Латинска Америка, а минатата година во оваа земја богата со нафта цените пораснале повеќе од 27 насто. Целта на владата е оваа година стапката на растот на цените да биде меѓу 23 и 25 насто, но аналитичарите предвидуваат дека инфлацијата ќе биде поголема од тоа.
XS
SM
MD
LG