Достапни линкови

Медведев побара Грузија да не ги блокира за влез во СТО


Рускиот претседател Дмитриј Медведев

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, денеска ја повика Грузија да не го блокира влегувањето на Русија во Светската трговска организација(СТО).
Медведев, изјави дека шансите за влез на Русиај во Светската организација оваа година се високи, но се уште се соочуваат со политичките пречки од Грузија. Тбилиси се закани дека ќе употреби вето за да го блокира пристапувањето на Русија, ако не се реши спорот околу царинските контроли.
Медведев денеска даде изјава за грузиски медиуми, за прв пат откако двете земји водеа кратка војна во 2008 година. Двете земји не ги обновија дипломатските односи по војната.
XS
SM
MD
LG