Достапни линкови

Билер- Беззаконие и криминал се причините за кризата на Косово


Командантот на КФОР, Ерхард Билер

Командантот на КФОР, Ерхард Билер

Командантот на КФОР, германскиот генерал Ерхард Билер оцени дека отсуството на правна држава и силните криминални структури се главна причина за сегашната криза во северниот дел на Косово.
Тој во интервју за германскиот весник „Тегешпигел“ изјави дека во северниот дел на Косово одамна требало да се воспостави правна држава.
Премногу долго е дозволено овде да се формираат радикални структури. Тоа се многу силни криминални структури, бидејќи се мултиетнички создадени - тие се косовско-албански и косовско-српски. Токму на овие структури, радикални и криминални, им е важно да ја зачуваат моќта. Станува збор за пари и тие се оние што денес се главни на северот, истакна Билер.
XS
SM
MD
LG