Достапни линкови

НАТО размислува за дополнително зајакнување на КФОР


Ерхард Билер, командант на КФОР

Ерхард Билер, командант на КФОР

НАТО може да формира нов баталјон, за да ја зајакне мисијата КФОР на Косово, која веќе беше поддржана со германско-австриски пешадиски баталјон.
Според дипломат од Брисел и друг службеник, запознаен со ситуацијата, Алијансата планира да распореди втор резервен баталјон поради растечката напнатост меѓу косовските власти и српското малцинство.
Во исто време, портпаролката на НАТО Кармен Ромеро рече дека Алијансата не усвоила решение за испраќање дополнителни сили.
Во Косово се уште се наоѓаат околу 6.000 војници на НАТО.
XS
SM
MD
LG