Достапни линкови

logo-print

Сирија- Асад дозволи политички плурализам


Сирискиот претседателот Башар ал-Асад денеска издал декрет со кој се овозможува постoење на опозициски политички партии во земјата, јавува државната сириска новинска агенција. Новиот закон им дозволува на политичките партии да се постават рамо до рамо со партијата на Асад, „ Баат“, која со законот кој е на во сила од 1963 година е прогласена за „водач на државата и општеството.“
Политичкиот плурализам е едно од главните барањата на демонстрантите кои протестираат речиси секојдневно веќе 4 месеци.
Декретот на Асад, доаѓа еден ден откако Советот за безбедност ја осуди смртоносна акција на сириската влада врз демонстрантите.
XS
SM
MD
LG