Достапни линкови

Турција доби нов воен врв


 Неџдет Озел началник на Генералштабот

Неџдет Озел началник на Генералштабот

Во Турција денеска се наименувани четворица нови команданти на армијата по оставките до кои дојде минатата недела. Претседателот на Турција Абдула Ѓул ги одобри назначувања. Генералот Неџдет Озел кој претходно беше шеф на армијата, е назначен за началник на Генералштабот. Ова е за првпат цивилна влада да назначи раководство на моќната армија на Турција.
Амбасадорот на Турција во Република Чешка, Џихад Ергинау за РСЕ изјави дека овој потег покажа дека турската демократија созреала и дека цивилна контрола над воената работи се подобрува.
Шефот на Генералштабот на Турција и на командантите на војската, морнарицата и воздухопловните сили минатата недела си дадоа оставки во знак на протест за апсењето и судењето на стотици воени офицери поради наводни обиди за соборување на владата.
XS
SM
MD
LG