Достапни линкови

Враќање стипендија - 300 евра месечно


Универзитет Св. Кирил и Методиј

Универзитет Св. Кирил и Методиј

Министерството за образование бара од постдипломците што не магистрирале на време да ги вратат парите од стипендиите што им биле доделени.

Постдипломци од генерацијата 2004/2005, што деновиве добиваат известувања од Министерството за образование дека, поради тоа што не магистрирале во предвидениот рок од 5 години, треба да ги вратат стипендиите што ги користеле, реагираат дека ратите се превисоки.

Постдипломците добиле 74.000 денари, односно околу 1.200 евра ако примале стипендија една година, односно двојно повеќе за две години. Министерството сега си ги бара парите назад и тоа на месечни рати од по
Имајќи го во предвид стандардот, како е можно да се очекува дека некој (нека е и најдобро ситуиран) може да издвојува по 300 евра месечно настрана од вообичаените трошоци, во текот на 4 или 8 месеци.
300 евра.

Постдипломците велат дека навистина е така предвидено со договорот, но, како што велат, „тоа не ја намалува апсурдноста на сумите што треба да се исплатат за суперкраток рок“. Тие сметаат дека со ваквата постапка, Министерството „собира арач“ од нив.

„Имајќи го предвид стандардот во земјава, не може да им се замери на постдипломците што решиле да ја прифатат стипендијата, секако, планирајќи да го испочитуваат рокот за магистрирање. Имајќи го предвид истиот тој стандард, како е можно да се очекува дека некој (нека е и најдобро ситуиран) може да издвојува по 300 евра месечно настрана од вообичаените трошоци, во текот на 4 или 8 месеци, од денес за утре, без простор да се снајде и да ги собере тие пари“, се наведува во писмото што постдипломците го испратија до редакциите.

Кој може да плаќа 300 евра месечно?

Тие реагираат и на тоа што министерството доцни со исплаќањето на стипендиите, но инсистира на рокови кога се работи за нивно враќање.

„МОН има право да доцни, но ако доцнат постдипломците, министерството ќе си ги побара парите преку суд“, се вели во нивната реакција.

Во министерството за образование велат дека се работи за околу 300 луѓе, што добиле стипендија за постдипломски студии, но не го испочитувале рокот во кој требало да магистрираат. Тоа значи дека на овој начин, во касата на Министерството ќе се влеат најмалку 400 илјади евра.

Во МОН велат дека тие само го спроведуваат законот и она што е договорено. Со потпишување на договорот за стипендија, постдипломците презеле обврска дека ако не магистрираат во
Министерството за образование и наука може да им излезе во пресрет водејќи сметка за реалните услови во нашата земја и неможноста да се исплатат во толкави износи овие средства за толку кратко време, рокот може да биде продолжен.
предвидениот рок, треба да ги вратат парите, и тоа токму на овој начин, велат од таму.

Поранешниот министер за образование професор Ненад Новковски смета дека министерството би требало да им излезе во пресрет и да им дозволи да ги вратат парите на повеќе рати.

„Министерството за образование и наука може да им излезе во пресрет водејќи сметка за реалните услови во нашата земја и неможноста да се исплатат во толкави износи овие средства за толку кратко време, рокот може да биде продолжен“, вели Новковски.

Дел од луѓето што треба да ги враќаат стипендиите се жалат дека меѓу нив има и невработени, самохрани родители, родители на породилно отсуство, лица со потпросечни примања.

„Од друга страна, има луѓе што се буквално пред одбрана на магистерската тема или такви што во меѓувреме магистрирале, но на странски универзитет. Ништо од тоа не е земено предвид“, се вели во нивната реакција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG