Достапни линкови

Еврозоната треба да го зголеми фондот за спас


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска изјави дека 17-те земји членки на еврозоната треба да го зголемат фондот за спас, за да се спречи ширењето на должничката криза. Европскиот фонд за финансиска стабилност потроши речиси 44 милијарди евра од вкупно 440 милијарди евра колку што и се на располаѓање, на Ирска и Португалија. Потоа резервите се намалија со новиот спасувачки пакет за Грција во износ од 109 милијарди евра .
Аналитичарите велат дека остатокот од парите не е доволен за да им помогне на Италија и Шпанија , третата и четвртата по ред најголеми економии во еврозоната да ги отплатат своите долгови.
XS
SM
MD
LG