Достапни линкови

Комисија за лустрација: Милчин бил соработник со тајните служби


Владимир Милчин

Владимир Милчин

Владимир Милчин бил соработник со тајните служби, констатира Комисијата за верификација на фактите на денешната седница, на која ја разгледуваше жалбата на Милчин. По одлуката на Комисијата за верификација на фактите, на Милчин му преостанува да се жали до Управниот и Врховниот суд. Доколку се потврди дека во минатиот систем бил кодош за да напредува во кариерата, Милчин ќе треба да се повлече од сите јавни функции. Тој е професор на Факултетот за драмски уметности и директор на невладината организација Отворено општество финансирана од Сорос.
XS
SM
MD
LG