Достапни линкови

Истрага за шефицата на ММФ


Кристин Лагард

Францускиот суд денеска нареди формална судска истрага за улогата на сегашната директорка на ММФ Кристин Лагард во решавањето на финансиските спорови додека таа беше министер за финансии на Франција.
Судот на правдата, кој ги истражува малверзации сторени од страна на членовите на Владата, нареди официјална истрага за наводите дека Лагард го користела своето влијание за да му се дадат 285 милиони евра оштета на еден бизнисмен кој ја тужел државата . Лагард, негира дека сторила нешто лошо и дека имала профит од случајот. Лагард на чело на ММФ дојде на почетокот на јули.
XS
SM
MD
LG