Достапни линкови

Тачи и Билер се договорија за кризата на северот на Косово


Kосовскиот премиер Хашим Тачи

Kосовскиот премиер Хашим Тачи

Со командантот на КФОР Ерхард Билер постигнавме согласност за нацрт спогодбата за решавање на кризата на северот на Косово, рече косовскиот премиер Хашим Тачи на седницата на косовската влада во Приштина.
Во првите реакции, доцна синоќа, косовската влада го отфрли нацртот на спогодбата како неприфатлив. Косовската влада синоќа истакна дека нацрт спогодбата, сочинета во три точки, е неизводлива на територијата на Косово, па затоа владата ќе продолжи да ги почитува реципрочните мерки во трговската размена со Србија.
Тачи и Билер се сретнаа и во текот на изминатата ноќ и денеска претпладне.
Билер и претставниците на владата на Србија синоќа постигнаа договор за решавање на кризата на северот на Косово
XS
SM
MD
LG