Достапни линкови

Американскиот претседател го прославува 50-тиот роденден


Знаеме дека пред нас останува уште многу работа да се направи за економијата, рече америкaнскиот претседател Барак Обама во Чикаго на настанот за прибирање финансиски средства за неговата кампања за претседателските избори кои треба да се одржат следната година.
Обама се надева дека ќе може да се избегне ситуацијата во земјата, каква што беше во претходните две недели за време на дебатите за границата за задолжување. Обама рече дека нема време за такви партиски игри, затоа што има многу работа да се сработи. Рускиот претседател Дмитриј Медведев е меѓу првите светски лидери кој му го честита 50-тиот роденден на Обама. Од Белата куќа соопштија дека Обама планира својот роденден да го прослави утре со семејството и пријателите на забава во Белата куќа.
XS
SM
MD
LG