Достапни линкови

Во Египет продолжи судењето на соработниците на Мубарак


Поранешниот египетски министер за внатрешни работи, за време на судењето

Поранешниот египетски министер за внатрешни работи, за време на судењето

Во Каиро денеска продолжи судењето на поранешниот египетски министер за внатрешни работи Хабиб ел-Адлу и на уште шест полициски службеници. Вчера започнa процесот против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и против неговите соработници, кои се обвинети за нарачување на убиства на стотици демонстранти за време на востанието со кое беше соборен Мубарак во февруари.
Тие се соочуваат со смртна казна ако бидат осудени.
Судењето на Мубарак и на неговите двајца синови, продолжува на 15-ти август.
XS
SM
MD
LG