Достапни линкови

Политика во младинските организации


Дел од невладините организации предупредуваат на политичко влијание во новиот Закон за млади.

Во подготвувањето на Законот за млади кој веќе е во собраниска процедура речиси е извесно дека има голем дел политичко влијание, сметаат некои од невладините организации. Особено во делот кој го регулира Националниот Совет на младите има многу можност од политика, укажува Дона Костуранова од Младинскиот oбразовен форум. Според нејзините зборови, спорно е утврдувањето на структурата на
Од предвидени 27 до 29 члена, 13 од нив се предложени од Владата на Република Македонија односно како претставници на министерствата. На тој начин дефинитивно се внесува голема доза на контрола врз работата на самиот државен Совет особено што се создава мнозинство со членовите од Владата.

Државниот Совет на младите во законот каде најмногу членови именува владата:

„Од предвидени 27 до 29 члена, 13 од нив се предложени од Владата на Република Македонија односно како претставници на министерствата. На тој начин дефинитивно се внесува голема доза на контрола врз работата на самиот државен Совет особено што се создава мнозинство со членовите од Владата.“

Други невладини организации, сепак изразуваат резерви кон ваквите оценки нагласувајќи дека аргументите на тие што критикуваат се нејасни. Зоран Илиоски од невладината организација „Сега“ мисли дека проблемот е во непознавањето и во тоа што Националниот Совет некои од нив го сметаат за невладина организација што е погрешно:

„Се работи за ко-менаџмент тело кое што ќе го сочинуваат владини организации, претставници на локални совети, претставници на министерства кои што се одговорни за одредени младински прашања и кои што ќе дискутираат за прашања од типот дали се носат соодветни законски решeнија, дали е доволно направен по мерка на младите итн, и тука сметам дека е главното неразбирање кај дел од младинските организации.“

Дел од забелешките се однесуваат и на начинот на избор на самите членови на локалните совети и државните совети. Во Младинскиот образовен форум сметаат дека нема механизам за директна вклученост на младите при изборот на членовите:
Значи изборот го вршат локалните општински совети наместо на било каков начин да се гарантира учество на младите.

„Значи изборот го вршат локалните општински совети наместо на било каков начин да се гарантира учество на младите.“

Законот уредува повеќе делови важни за младите како младинско организирање и прашањето на нивното учество на локално ниво во Советите на оппштините, а го дефинира и зголеменото учество на младите преку национално организирање, вели Илиоски. Дел од другите работи за кои дел од невладините организации се контроверзни е и како што наведуваат нетранспарентната процедура на донесување на законот без јавна дебата и невклучување на најголемиот дел од нив. Од невладината коалиција „Сега“, пак, наведуваат дека минатата година започнале иницијатива за потребата од донесување закон и информациите и препораките од регионалните дискусии ги доставиле до Агенцијата за млади и спорт.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG