Достапни линкови

logo-print

Што ќе донесе доаѓањето на Волерс?


Новиот амбасадор на САД Пол Волерс до крајот на месецот треба да пристигне во Македонија

Новиот амбасадор на САД Пол Волерс до крајот на месецот треба да пристигне во Македонија

Доаѓањето на новиот амбасадор на САД, Пол Волерс, ќе даде дополнителен импулс во решавањето на спорот со името, сметаат експертите.

Откако ја доби довербата од Сенатот, новиот амбасадор на Соединетите Држави во Македонија, Пол Волерс треба да пристигне во земјава до крајот на месецот. Неофицијално, од септември тој треба да почне да ја извршува новата функција.

Неговото доаѓање според експертите, треба да даде дополнителен импулс во решавањето на спортот за името со Грција. Поранешниот дипломат Слободан Чашуле вели дека праќањето на Волерс во земјава само ја
Доаѓањето на познавач, според мене, за амбасадор на САД значи дополнителен импулс кон решавањето на ова навистина непријатно прашање, но исто така говори дека нема да има промена во американската политика кон нас како Република Македонија и кон ова прашање.
потврдува американската политика на поддршка кон нашата земја.

„Доаѓањето на познавач, според мене, за амбасадор на САД значи дополнителен импулс кон решавањето на ова навистина непријатно прашање, но исто така говори дека нема да има промена во американската политика кон нас како Република Македонија и кон ова прашање.“

И политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека доаѓањето на Волерс треба да се сфати како промена на подобро, од што може да се очекува само интензивирање на билатералните односи.

„Сигурно може да очекуваме охрабрување од негова страна за решавање на актуелните проблеми вклучувајќи го и проблемот со името, но мислам дека може да очекуваме и интензивирање на билатералните односи.“

Доаѓањето на новиот американски амбасадор ќе даде дополнителен импулс за решавање на спорот за името

Соединетите Држави остануваат стратешки партнер на Македонија, согласни се нашите соговорници.

Неодамнешната резолуција на Конгресот со која финансиската помош на земјава е условена од како што се вели доброто однесување на Македонија во спорот со Грција, не треба да се свати како чекор назад во билатералните односи со Соединетите Држави. Чашуле вели дека таквите резолуции не се обврзувачки, а нивното влијание врз американската политика се незначителни.

„Резолуциите кои ги носи Конгресот кои се само резолуции кои не се обврзувачки, тие можат само да креваат политичка тензија, а бидејќи грчкото лоби е доста силно успева преку различни канали да издејствува
Сигурно може да очекуваме охрабрување од негова страна за решавање на актуелните проблеми вклучувајќи го и проблемот со името
одредени размислувања на Конгресот и на некои конгресмени. Тоа што се случува во Конгресот не мора да, и во 90% не влијае врз одлуките на американската администрација.“

Волерс е познат на македонската јавност, зошто беше заменик на поранешната американска амбасадорка Џилиен Милованович. На функцијата во Скопје доаѓа од место замениик извршен секретар во Стејт Департментот. Во своето обраѓање пред Сенатот Волерс повтори дека независноста на судството, слободни и независни медиуми и силен невладин сектор се клучни за сите демократии, и дека токму за овие сегменти во Македонија е загрижен официјален Вашингтон.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG