Достапни линкови

Србија нема да „тргува“ со националните интереси за ЕУ


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој е и потпреседател на Владата, рече денеска дека државата нема да „тргува“ со националните интереси за да добие статус кандидат за члeнство во ЕУ.
Според Дачиќ суштината на акцијата во Косово до сега е токму тоа, во услови кога сите знаат дека Србија ќе стори многу и се за да добие кандидатски статус и датум за почеток на преговори, да се натера Србија да ги премине своите црвени линии, кога станува збор за Косово и Метохија. А таквата политика е погрешна , рече Дачиќ.
XS
SM
MD
LG