Достапни линкови

По Швајцарија и Јапонија ја намалува вредноста на домашната валута


Јапонската влада денес интервенираше на валутните берзи, а централната банка ја ублази монетарната политика со цел да се намали вредноста на јуанот. Јапонија оценува дека натамошниот раст на јуанот во однос на американскиот долар, го загрозува економското заздравување на земјата по катастрофалниот земјотрес и цунамито во март годинава. Вчера и швајцарската Централна Банка превзеде мерки за слабеење на франкот за кој смета дека е преценет, а со тоа е загрозена домашната економија. Вредноста на швајцарскиот франк и на јапонскиот јен нагло се зголеми, бидејки се сметаат за сигурни валути во време на финансиски кризи во Соединетите Држави и во Европа.
XS
SM
MD
LG