Достапни линкови

Косовската влада го отфрли договорот меѓу НАТО и Србите


Српскиот преговарач Борислав Стефановиќ и германскиот генерал Ерхард Билер разговараат на пат во селото Рударе во близина на Звечан на 29 јули 2011 година.

Српскиот преговарач Борислав Стефановиќ и германскиот генерал Ерхард Билер разговараат на пат во селото Рударе во близина на Звечан на 29 јули 2011 година.

Косовската влада го отфрли новиот договор меѓу НАТО и српското малцинство за контролата на спорните гранични премини од северно Косово кон Србија.

НАТО вчера соопшти дека Србите се согласиле да ги тргнат блокадите на патиштата во северно Косово и дека НАТО ќе продолжи да ги контролира граничните премини Брњак и Јариње најмалку до средината на септември.

Косовската влада, која сака да ја преземе контролата врз трговијата на граничните премини, го оцени договорот како „неприфатлив и неизводлив“.

Откако косовските власти минатата недела се обидоа да ја преземат контролата врз граничните премини за да ја спроведат забраната за увоз на производи од Србија избија судири со српското малцинство на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG