Достапни линкови

logo-print

Јапонија го ослабнува јенот


Човек поминува покрај електронска табла што го прикажува курсот на јенот во однос на доларот во Токио на 3 август 2011 година.

Човек поминува покрај електронска табла што го прикажува курсот на јенот во однос на доларот во Токио на 3 август 2011 година.

Јапонската влада интервенираше на пазарите за пари за да го ослабне јенот, што треба да обезбеди повисок економски раст. Министерот за финансии, Јошихико Нода, соопшти дека потегот има за цел да обезбеди закрепнување на јапонската економија по земјотресот и цунамито од 11 март.

По интервенцијата, цената на доларот порасна од 76 на 78 јени.

Според експертите, силниот јен може да и наштети на јапонската економија и да ги намали приходите од странство поради тоа што јапонските производи ќе станат поскапи на странските пазари.

Доларот ослабна на светските пазари поради загриженоста за американскиот економски раст.
XS
SM
MD
LG