Достапни линкови

Владините институции на САД - мета на хакерски напади


Американската влада обзнани студија изработена од фирмата за компјутерска безбедност Мекафи од Калифорнија, според која сајбер-криминалците во последниве 5 години се обиделе да влезат и да украдат податоци од повеќе од 70 владини институции, непрофитни организации и корпорации во 14 дражви. Властите велат дека ќе ги разгледаат наодите на студијата и ќе преземат соодветни мерки.

Во фирмата Мекафи, што ги открила нападите, велат дека веруваат дека зад нападите стои „една држава“, но одбија да кажат која. Дел од експертите за компјутерска безбедност посочуваат кон Кина.

Фирмата утврдила напади врз владини институции на САД, Тајван, Индија, Јужна Кореја, Виетнам и Канада, потоа врз АСЕАН, Меѓународниот олимписки комитет, фирми кои соработуваат со американските безбедносни служби и високо-технолошки компании. Нападнат бил и Секретаријатот на ОН во Женева. Фирмата не соопштува детали за тоа какви податоци можело да бидат украдени од владините институции.
XS
SM
MD
LG