Достапни линкови

Тројца војници на НАТО загинаа во Авганистан


Архивска фотографија: Авганистан.

Тројца војници на НАТО вчера загинаа во Авганистан, соопштува Алијансата. Двајца војници загинале во експлозија на бомба поставена крај еден пат во јужен Авганистан. Третиот војник загинал во „неборбен“ инцидент во источен Авганистан. Според статистиката на новинската агенција Асошиејтед прес, годинава во Авганистан загинале 328 странски војници.
XS
SM
MD
LG