Достапни линкови

logo-print

Грчките таксисти продолжуваат со штрајкот


таксистите го блокираат центарот на Атина

таксистите го блокираат центарот на Атина

Грчките таксисити денеска одлучија да продолжат да штрајкуваат, и покрај штетите врз туризмот и губењето на сопствениот приход. По шестчасовнитe преговори меѓу преставниците на таксистите и Владата во Атина, таксистите соопштија дека нивните главни барања не се исполнети и дека ќе продолжат со штрајкот. Таксистите започнаа да штрајкуваат на 18 јули со повремени блокади на сообраќајниците и автопатите,на пристаништата и на аеродромите. Грчките кредитори побараат од властите во Атина да овозможат поголема конкурентност во професијата која со години беше затворена и до дозвола можеше да се дојде само со купување од некој кој се повлекува.
XS
SM
MD
LG