Достапни линкови

Сириските сили и денеска го бомбардираат градот Хама


главниот плоштад во Хама

главниот плоштад во Хама

Сириските безбедносни сили и натаму го напаѓаат градот Хама. Според извештаите на тамошните жители градот денеска бил жестоко бомбардиран, а тенковите го окупирале главниот плоштад.
Сириските војници ги засилија нивните напади на Хама за време на викендот,при што загинаа голем број на цивили. Последната воена операција во Хама наиде на силна меѓународна осуда.
Советот за безбедност на ОН и денеска продолжи со дискусија за насилството во Сирија. Вчера Советот не се договори за резолуцијата со која би се осудил режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG