Достапни линкови

Дебар без откупен центар за млеко


Наместо организиран откуп, дебарските сточари млекото го продаваат на улица.

Наместо организиран откуп, дебарските сточари млекото го продаваат на улица.

Во општина Дебар нема откупен центар за млеко, поради што сточарите млекото го продаваат по домови, но и на улица.

Според Здружението на дебарските сточари дневно се произведуваат околу 10 тони кравјо млеко. Добар дел од млекото останува непродадено и се преработува во сирење. Иницијативите на поголемите млекари од земјава за отварање на откупен центар пропаѓаат поради несогласувањето на сточарите и сопствениците на млекарите околу
Во соработка со локалната власт на Дебар се договаравме со сточарите за да отвореме една откупна станица бидејќи овде ја нема. Оваа активност е со цел да има организиран откуп на млекото и млечните производи што ги произведуваат нашите сточари. Но, главен проблем беше цената.

откупната цена.

„Ние како подружница за менаџирање со пасиштатата во соработка со локалната власт на Дебар се договаравме со сточарите за да отвореме една откупна станица бидејќи овде ја нема. Оваа активност е со цел да има организиран откуп на млекото и млечните производи што ги произведуваат нашите сточари. Но, главен проблем беше цената. Сточарите не се согласуваа со откупната цена што ја понуди Битолската млекара „Би милк“. Ние ветивме на сточарите и субвенција која им следи за млекото. Главен проблем е тоа што сточарите се плашат дали ќе им биде исплатена субвенцијата и покрај тоа што „Би милк“ гарантираше исплата на откупеното млеко на 15 дена и даваше гаранции дека ќе успее во договор со министерството да се исплаќаат субвенциите“, вели раководителот на Јавното претпријатие подружницата „Кораб“ во Дебар Илир Косоврасти.

Дебар

Тој додава дека преговорите со сточарите продолжуваат се со цел да се надмине состојбата, млекото да се продава на улица.

На главната дебарска улица особено во утринските часови секој ден повеќе сточари во пластични шишиња продаваат млеко. Условите во кои се продава млекото се надвор од потребните услови и стандарди.

„Млекото овде на улица го продаваме по 30 денари по литар. Не ни се исплатува да го дадеме на млекарите бидејќи центата која ја нудат е многу ниска, а трошоците за да се призведе мелекото се големи. Млекото се
Млекото овде на улица го продаваме по 30 денари по литар. Не ни се исплатува да го дадеме на млекарите бидејќи центата која ја нудат е многу ниска, а трошоците за да се призведе мелекото се големи
продава во зависност од периодот. Сега за месец Рамазан тоа добро се продава, а ние сме задоволни.“

Објаснува еден од бројните сточари кои продава млеко на улица. Тој има 5 крави и како што вели покрај на улица, добар дел од млекото го продава во домовите со претходна нарачка.

Локалните власти во Дебар најавуваат одржување на нова средба со сточарите на која ќе се разговара за отварање на откупен центар за млеко. Се најавува учество на преставници на најмалку три познати млекари од нашава земја.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG