Достапни линкови

logo-print

ЕУ- Еулекс не е пристрасен


Европската унија е уверена дека Еулекс делува непристрасно и рамноправно ги третира двете страни во Косово, изјави Мајкл Мен, портпаролот на Комесарката за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.
Неговата изјава е коментар на изјавата на српскиот премиер Мирко Цветковиќ дека Еулекс е пристрасен.
Според Мен, дека Еулекс не е пристрасен докажува и тоа што посредникот на ЕУ Роберт Купер разговара со двете страни.
Мен изјави дека за ЕУ е најважно, различните страни да разговараат и да почнат да ги решаваат проблемите на прагматичен начин.
XS
SM
MD
LG