Достапни линкови

Франција ќе го екстрадира диктаторот Нориега во Панама


Мануел Нориега,како генерал и како затвореник

Мануел Нориега,како генерал и како затвореник

Француската влада денеска потврди дека планира да го екстрадира во Панама поранешниот диктатор Мануел Нориега.Од Министерството за надворешни работи соопштија дека Нориега, бил информиран за одлуката. Тој во Франција издржува седумгодишна казна затвор за „перење пари“. Неговиот адвокат изјави дека не планира да поднесе жалба.
Поранешниот армиски генерал, Нориега беше соборен со американската инвазија на Панама во 1989 година. Пред да биде екстрадиран во Франција минатата година, тој помина повеќе од 15 години во затвор во САД за трговија со дрога и „перење пари“. Во Панама, Нориега се соочува со 20 години затвор за кршење на човековите права за време на неговото владеење. Нориега ќе се екстрадира во Панама на почетокот на следниот месец
XS
SM
MD
LG