Достапни линкови

logo-print

Непотребен популизам


Градоначалниците Владимир Тодоровиќ и Коце Трајановски заедно со премиерот Никола Груевски, во обиколка на реконструција на улица во Скопје

Градоначалниците Владимир Тодоровиќ и Коце Трајановски заедно со премиерот Никола Груевски, во обиколка на реконструција на улица во Скопје

Промоција на камиони за отпад, приколка за добиток, свечено отварање на канализација... Популистички мерки кои ја потценуваат свеста на граѓаните?

Промоција на нови камиони за собирање отпад, потоа приколки за транспорт за чување добиток, свечено отворање на фекална канализација
Градоначалник на Скопје треба да зборува, или да оди на сечење ленти за пуштање во употреба на трамвај или подземна железница, меѓутоа да оди да отвара свечено приколка за коњи или канализација свечено да се отвара, тоа е потценување на своите граѓани.
се само дел од активностите за кои граѓаните секојдневно се информираат преку медиумите, а на која присуствуваат градоначалниците. Градските татковци, во најголем број оние од владејачката гарнитура, станаа декор на секоја промоција од јавен интерес. На ова реагира опозицијата. Градоначалниците од опозициските партии велат дека со ова се потценува свеста на граѓаните.

„Градоначалник на Скопје треба да зборува, или да оди на сечење ленти за пуштање во употреба на трамвај или подземна железница, меѓутоа да оди да отвара свечено приколка за коњи или канализација свечено да се отвара, тоа е потценување на своите граѓани“, изјави Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Дека ваквите постапки се популистички и не ја одразуваат реалноста, се согласува и првиот човек на Струмица, градоначалникот Зоран Заев.

Премиерот Никола Груевски на Илинден постави камен-темелник за катна гаража во Скопје.

„Ова навистина претставува секојдневие на работењето на администрацијата би рекол, не на градоначалникот. Градоначалникот има многу позначајни улоги во работењето на една општина па дури и да е рурална.“

Заев се сомнева дека ваквите постапки на градоначалнивците од ВМРО-ДПМНЕ се диригирани од врвот на партијата. Додаваат дека народот не смее да се потценува.

„Комплексот продолжува да расте за жал поради тоа што овие луѓе мислат дека преку тоа добиваат и политички поени. Јас не се согласувам со тоа.“

Ваквите локални проекти се финансирани од парите на граѓаните и сосема нормално е секојденевно да се реализираат проектите кои биле
Ова е еден од најпримитивните методи како се влијае врз свеста на граѓаните, меѓутоа сметам дека демократијата ќе созрева во наредниот период и дека ќе се изменат некои работи, тоа е временска дистанца која мора да бидеме трпеливи и да ја почекаме.
предвидени во изборната прогртама, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Не е добро кога од тоа правите сензација и се однесувате како да инвестирате сопствени пари за проекти од општ интерес, додава Дамјановски

„Ова е еден од најпримитивните методи како се влијае врз свеста на граѓаните, меѓутоа сметам дека демократијата ќе созрева во наредниот период и дека ќе се изменат некои работи, тоа е временска дистанца која мора да бидеме трпеливи и да ја почекаме.“

Во изминатиот период градочалниците од владината коалиција, како и некои владини министри често беа дел од отворањето на спортски објекти ширум државата. Нивното официјално објаснување за напуштањето на своиурте работни места за да бидат дел од тие настани, беше дека местото на министрите и градоначалниците е меѓу народот и дека е добро да поминуваат повеќе време меѓу нив и директно од теренот да слушнат кои се нивните проблеми.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG