Достапни линкови

logo-print

МВР - Состојбата стабилна


Нередите на преминот Јариње.

Нередите на преминот Јариње.

Македонското МВР засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово, но ќе реагира ако има потреба.

Минстервото за внатрешни работи засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово. Нема индиции дека може да има посериозни ризици, но подготвени сме да реагираме ако е потребно, изјави портпаролот Иво Котевски.

Според зборовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажани викендов за косовските медиуми, ако се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, никој
Безбедноста, согласно секој Устав на секоја држава и законите во таа држава, ја гарантираат институциите на државата, кај нас тоа е Министерството за внатрешни работи кое ја гарантира безбедноста на границата преку својата гранична бригада.
не може да гарантира мир во Македонија. Од неговата партија велат дека неговата изјава е дадена во својство на политичар кој вели дека не може да ја преземе одговорноста да биде чувар на мирот во Македонија, зашто може да се дојде до ситуација, луѓето сами да се организираат и да не може никој да ги контролира како во 90-та, 99-та и 2001-та година.

Домашните експерти нагласуваат дека има меѓудржавен договор околу безбедност на границите и дека тоа не зависи од ничија желба.

„Безбедноста, согласно секој Устав на секоја држава и законите во таа држава, ја гарантираат институциите на државата, кај нас тоа е Министерството за внатрешни работи кое ја гарантира безбедноста на границата преку својата гранична бригада“, изјави Владимир Пивоваров професор на Факултетот за безбедност.

НАТО разместува дополнителни сили на КФОР на Косово

Меѓутоа, од друга страна, тој укажува дека ако се погледне на она што се случуваше во регионот и на Балканот во последните 20 години ќе се види дека секогаш безбедноста треба да ја гарантира и целата општестевена заедница со оглед дека на Балканот сите имаме држави со мултиетнички состав.

„Значи живеаат повеќе заедници, ако нема и политички дијалог и разговор меѓу заедници апсолутно институциите не се во можност само со примена на сила да ги гарантираат границите. Тоа може да биде една брана која во еден момент може да попушти под силниот наплив на
Значи живеаат повеќе заедници, ако нема и политички дијалог и разговор меѓу заедници апсолутно институциите не се во можност само со примена на сила да ги гарантираат границите.

национализам или такви слични дејствија. Сами по себе можат да употребат сила, да спречат одреден инцидент меѓутоа ако тоа стане масовна појава политичките партии треба сериозно да разговараат, да дебатираат околу тие прашања и на тој начин да ги решаваат проблемите што се случуваат.“

Новите тензии меѓу Србија и Косово, според домашните експерти, нема да имаат влијание врз безбедносната состојба во Македонија и регионот, но нагласуваат дека е важно институциите да ја следат состојбата. НАТО вчера соопшти дека разместува дополнителни сили на КФОР на Косово и дека тоа не е знак на заострување на ситуацијата на теренот туку напротив укажува дека ситуацијата станува помалку затегнатата.

Од друга страна, од Косовска Митровица на сите важни патни правци на северот на Косово продолжуваат барикадите на Србите, а до кои дојде по одлуката на властите во Приштина да го забранат влезот на стоката од Србија и испраќање на специјални полициски сили на административните премини.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG