Достапни линкови

Сенатот одобри Демпси да биде нов шеф на Генералштабот


Генерал Мартин Демпси

Генерал Мартин Демпси

Американскиот Сенат вчера одобри генерал Мартин Демпси да стане иден шеф на Генералштабот на американската војска. 59 годишниот Демпси ќе го замени на оваа функција адмирал Мајк Мулен кон крајот на идниот месец. Демпси, кој, меѓу другото, е и магистер за англиска книжевност се очекува да му се приклучи на секретарот за одбрана Леон Панета во спроведувањето на одлуката за намалување на трошоците за одбраната на САД, како и на барањето на администрацијата за прекин на американската воена инволвираност во Ирак и Авганистан.
XS
SM
MD
LG