Достапни линкови

Турција обвини за сепаратизам над сто курдски политичари


Турски суд покрена обвинение за сепаратизам против 98 поранешни курдски градоначалници и осум други политичари поради нивните повици за подобрување на затворските услови за лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан. Според судот, коментарите на обвинетите лица биле терористичка пропаганда. Судскиот процес ќе почне наскоро во југоисточниот турски град Дијарбекир. Осомничените можат да добијат максимална казна од 20 години затвор.
XS
SM
MD
LG