Достапни линкови

Голем пожар на островот Крф


Голем шумски пожар и натаму беснее на грчкиот остров Крф и се заканува да ги зафати и населните места. Властите ги повикуваат жители и туристите да бидат во состојба на готовност, бидејќи гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер. Пожарот засега не зафатил ниту едно од туристичките места. Противпожарната служба на Крф приведе четири лица, осомничени за намерено подметнување пожар. Градоначалникот на Керкира не ја исклучи можноста палењето на пожарот да биде организирано.
XS
SM
MD
LG