Достапни линкови

Кина бара САД да бидат поодговорни спрема нивниот долг


Кина ги предупреди Соединетите држави да бидат поодговорни во справувањето со нивниот долг и сигнализира дека ќе го намали обемот на своите девизни резерви во американски долари. До ова дојде само неколку часа откако претседателот Барак Обама го потпиша итниот закон за покачување на лимитот на американскиот долг. Кина е најголем кредитор на Соединетите држави и околу две третини од нејзините девизни резерви кои се околу 3,2 билијарди долари се во американска валута. Шефот на Централната банка на Кина Жоу Ксијачуан го повика Вашингтон да преземе конкретни и одговорни мерки за да ја зајакне довербата. По вчерашното одобрување на законот за американскиот долг, берзите во Соединетите држави забележаа голем пад. Во меѓувреме, агенцијата Мудис соопшти дека Соединетите држави продолжуваат да одржуваат највисок кредитен рејтинг.
XS
SM
MD
LG