Достапни линкови

logo-print

Закажано судењето на Хосни Мубарак во Египет


уништена статуа на екс-лидерот

уништена статуа на екс-лидерот

Денеска би требало да почне судењето на проанешниот претседател на Египет Хосни Мубарак, кој се товари за корупција и наредување на убиствата на демонстранти за време на протестите во февруари годинава, кои го прекинаа неговото 30 годишно владеење. 83 годишниот поранешен лидер би требало да го напушти Шарм ел Шеик, каде престојувал поради здравствени проблеми, и да пристигне во полициската академија во Kаиро, каде е закажано судењето. Пред падот на режимот на поранешниот претседател, објектот во кој е закажано судењето беше познат како Полициската академија Мубарак.
XS
SM
MD
LG