Достапни линкови

logo-print

Опозицијата ќе ја води Либијската амбасада во Вашингтон


Либијската амбасада во Лондон, исто така се претвори во претставништво на опозицијата од северноафриканската земја

Либијската амбасада во Лондон, исто така се претвори во претставништво на опозицијата од северноафриканската земја

Американскиот Стејт департмент соопшти дека се обезбедени услови за повторно отворање на Либијската амбасада во Вашингтон, која е под контрола на опозицискиот Транзициски национален совет. Трупите на Советот се борат против лојалистите на лидерот Муамар Гадафи во северноафриканската земја. Новинската агенција „Асошејтед прес“ јави дека на сметката на Амбасадата ќе има прилив од 13 милиони американски долари, приходи кои претходно биле замрзнати од американските власти.
XS
SM
MD
LG