Достапни линкови

Ново работно време за охридските кафеани


Охрид
Охрид

Со одлука на општинскиот Совет за еден час повеќе е продолжено работното време на угостителките објекти во Охрид.

На сред летната туристичка сезона, околу 200-те охридски угостителски објекти секој ден имаат различно работно време. Со минатонеделната одлука на градскиот совет, на барање на угостителската фела, 16 дена во јули, август и септември, работното време кое според законот е до 1 часот по полноќ е продолжено за еден, односно два часа во денови одредени по датуми, претежно за викендите, за празниците и кога се одржуваат позначајни манифестации.

„Тоа значи дека седум дена за два часа се зголемува работното време, а шест дена се продолжува само за еден час. Донесовме таква соломонска
Тоа значи дека седум дена за два часа се зголемува работното време, а шест дена се продолжува само за еден час. Донесовме таква соломонска одлука, и многу ми е мило дека се сложивме советниците од сите советнички групи, што значи оваа одлука се донесе едногласно.

одлука, и многу ми е мило дека се сложивме советниците од сите советнички групи, што значи оваа одлука се донесе едногласно и сметам дека сега донекаде, колку што е можно задоволни ќе бидат и граѓаните и сопствениците на рестораните и кафулиња, а и сопствениците на ноќните клубови и кабариња“, вели Душко Јаковчески, претседател на Советот на општина Охрид

Според него, ова е ад хок решение според надлежноста што сега ја има локалната самоуправа, која, според Јаковчески, треба со децентрализацијата да е компетентна за носење вакви одлуки, а не тоа да се регулира со закон кој важи за сите општини без разлика каде се и дали се туристички или не.

Угостителската фела, во екот на сезоната, кога градот врие од туристи едвај се снаоѓа со новата шема за работното време, кога и по затворањето не може да се справи со гостите, кои не сакаат да си заминат, слушајќи како од други објекти трешти музика.

Општина Охрид

„Логиката на нарушувањето на животот во градот не може да се постигне со такви селективни вариетети во работното време. Значи, ако некој сака да се среди нешто, сметам дека тоа треба да се направи на поорганизиран, потемелен и пообмислен начин, а ова е само кампањско решение на проблемот, ако е воопшто некакво решение. Инаку, со самото работно време и нарушувањето на јавниот ред и мир, што се две сосема различни работи, оние кои не го почитувале работното време, и натаму нема да го почитуваат, така да ја користам приликава да повикам на некоја колегијалност во угостителскиот сектор“, вели сопственик на познато култно кафуле кое во центарот на Охрид на езерскиот брег работи 20 години.

Според него, одлуката за продолжувањето на работното време е
Според мене како млад човек не одговара ова работно време, бидејќи сите знаеме дека младите излегуваат во подоцнежните часови и кога ќе одиме во некое кафуле, таман ќе почнеме да се забавуваме, објектот се затвора.
неиздржана и задоцнета и не е вистинско решение на проблемот, кој бара постудиозно следење и контроли.

„Според мене како млад човек не одговара ова работно време, бидејќи сите знаеме дека младите излегуваат во подоцнежните часови и кога ќе одиме во некое кафуле, таман ќе почнеме да се забавуваме, објектот се затвора. Охрид бидејќи е град на туризмот не може да се споредува со други градови како Гостивар, Кичево или уште помали. Кратко кажано на Охрид му треба поголем простор за работно време на угостителските и за журка во објектите за забава и кафичите да си работа до доцна во ноќта“, вели Александра Костадиновска, млада гостинка од Скопје која во Охрид го минува летниот одмор.

Против продолжувањето на работното време на кафулињата поради бучавата се бунат дел од жителите на Охрид, како и сопствениците на ноќните клубови кои се сметаат за онеправдени поради тоа што тие гостите ги очекуваат по полноќ.
XS
SM
MD
LG