Достапни линкови

Ирак-смртна казна за напаѓачите на црквата во Багдад


Ирачкиот суд денеска осуди тројца мажи на смрт за нападот на црква минатата година, при што загинаа 68 луѓе.
Врховниот судски совет соопшти дека тројцата мажи биле прогласени за виновни за планирање и подготовка на нападите на 31 октомври ,кога бомбаши-самоубијци од Ал-Каеда држеа за заложници верници во црквата Пресвета Богородица во Багдад .Осудените имаат еден месец да поднесат жалба. Христијанската заедница во Багдад ја поздрави пресудата.
XS
SM
MD
LG