Достапни линкови

Германија и Австрија испраќаат војници во Косово


силите на КФОР во Косово

силите на КФОР во Косово

Германската војска во следните неколку денови ќе испрати дополнителни 550 војници на Косово, објави денеска Бундесверот. Ситуацијата во северниот дел на Косово и понатаму е тензична, се наведува во информацијата на Бундесверот.
Официјална Виена пак испраќа 150 припадници на австриската војска во Косово.
Унгарскиот заменик министер за одбрана Золтан Орос денеска во Солнок присуствуваше на испраќањето на 220 унгарски војници, кои заминуваат на Косово во рамки на смената на војници кои Унгарија ги испраќа во мисијата на КФОР.
„Најновите судири покажуваат дека мирот на Косово се уште не е целосно воспоставен, а тензичната ситуација меѓу различните национални и етнички групи може да се реши само со присуство на мировните сили на НАТО“, изјави Орос.
Од НАТО соопштуваат дека испраќањето на дополнители сили не е знак на заострување на ситуацијата на терен, туку укажува на тоа дека состојбата се смирува и тензиите се намалуваат.
XS
SM
MD
LG