Достапни линкови

Во Тетово без државни знамиња за Илинден


Поради пропуст, како што велат од локалната самоуправа, денеска за националниот празник Илинден не се вее државното знаме низ булеварите и улиците во Тетово.
Од локалната самоуправа велат дека директорот на јавното комунално претпријатие, кое е задолжено да истакне знамиња низ градот, заборавил да ги постави. Бил нов на функцијата и не знаел дека тоа е негова должност, тврдат од општина Тетово.
XS
SM
MD
LG