Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН на 24 август ќе расправа за Косово


Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово ќе дискутира на 24 август. Предвидено е седницата да се одржи после пладне, по средноевропско време , пишува на сајтот на ОН.
На состанокот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ќе му биде доставен редовниот тромесечен извештај за развојот на настаните во Косово. По случувањата на 26 јули, кога косовските власти се обидоа да ја преземат контролата на граничните прмини Брњак и Јариње, Србија побара итна седница на Советот за Косово. Барањето го подржа Русија, но САД и Велика Бртанија сметаа дека тоа прашање може да почека до редовната седница за Косово.
XS
SM
MD
LG