Достапни линкови

logo-print

Мулен- Ирак да се реши за иднината на американските војници


Мајк Мулен.

Мајк Мулен.

Ирак мора брзо да се донесе одлука за иднината на американските војници во земјата и да им даде заштита од законски тужби, ако тие останат во земјата и по 31 декември годинава, изјави шефот на американскиот Генералштаб Мајк Мулен. Мулен вчера пристигна во посета на Ирак, на разговори со ирачките власти.
Тој рече дека Парламентот мора да одлучи за имунитетот на американските војници .
Вашингтон понуди 10 илјади американски војници да останат во Ирак, за да продолжат со обуката на ирачките сили. Но, ирачките политичари го на 23 јули го пропуштија крајниот рок да донесат одлука за продолжување на американското присуството.
Според условите на билатералниот безбедносен договор, потпишан во 2008 година, американските војници се имуни од судско гонење според ирачкиот закон, до 31 декември 2011 година.
XS
SM
MD
LG