Достапни линкови

logo-print

ЕУ- На Косово да се намалат тензиите и да се врати дијалогот


војници на КФОР

војници на КФОР

Потребно е да се спушти нивото на напнатоста во Косово и да се врати дијалогот под покровителство на Европската унија за да се решат практичните прашања кои имаат важност за секојдневниот живот на граѓаните, соопшти денеска Михаел Ман, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Насилството никогаш нема да биде толерирано и едностраните потези на едната или на другата страна не се од помош, рече Ман на прес-конференција во Брисел.Тој посочи дека заедно со специјалниот претставник на ЕУ, Фернандо Дјентилини и командантот на КФОР, Ерхард Билер, европскиот посредник во дијалогот Белград-Приштина, Роберт Купер вложува интензивни напори да се најде излез од сегашната блокада.
XS
SM
MD
LG