Достапни линкови

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово


Kомандантот на КФОР, Ерхард Билер

Kомандантот на КФОР, Ерхард Билер

Од НАТО денеска соопштија дека ќе биде испратена „помош“ на силите во Косово, задолжени за чување на безбедноста во земјaта. Одлуката за дополнителни сили на Косово е по барање на командантот на КФОР, Ерхард Билер. Од Алијансата соопштуваат дека дополнителните сили ќе бидат испратени наредните денови. Неофицијално станува збор за испраќање на дополнителни 700 војници стационирани во базите на НАТО во Германија. Од НАТО тврдат дека испраќањето на дополнителните сили не е резултат на влошена состојба во земјата, туку тие треба само да им помогнат на веќе распоредените сили кои имаат задачи и на други страни, па им треба одмор. На Косово има речиси 6.000 припадници на КФОР.
XS
SM
MD
LG