Достапни линкови

Италија го отповика својот амбасадот во Сирија


сириски трупи во градот Хама

сириски трупи во градот Хама

Италија денеска го отповика својот амбасадор од Сирија, бидејќи сирискиот режим „ ужасно се однесува кон своите граѓани“. Во соопштението на министерството за надворешни работи се наведува дека Италија бара сите земји членки на ЕУ да ги повлечат нивните преставници од Сирија, по ескалацијата на состојбата таму.
Сириските сили за време на викендот но и вчера продолжија со обидите да ги задушат анти-владините протести. Советот за безедност на ОН денеска треба да продолжи со дискусијата за кризата во Сирија.
На вонредната седница на Советот која започна вчера, западни земји се обидуваат да ја обноват нацрт резолуција со која ќе се осуди сирискиот режим за казнување на демонстрантите.
ЕУ на својата црна листа ги додаде и сирискиот министер за одбрана и уште четворица други високи преставници , на кои им ги замрзна средствата и им забрани патување. Со тоа на листата на ЕУ, се наоѓаат 35 Сиријци кон кои се воведени санкции.
XS
SM
MD
LG