Достапни линкови

Македонија ги слави двата Илиндена


Илинденски марш. Тргнувањето на коњаниците од Скопје.
Илинденски марш. Тргнувањето на коњаниците од Скопје.

Македонија денеска слави еден од најголемите празници - 108 години од создавањето на Крушевската република и 67 години од создавањето на првата македонска држава.

„Душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија.“

Со овие зборови, на денешен ден пред 67 години, најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, во Манастирот Прохор Пчињски, го отвори Првото заседание на АСНОМ, на кое беше прогласена првата
македонска држава.

Панко Брашнаров

Македонија денеска го слави можеби најголемиот празник. Се одбележуваат 108 години од создавањето на Крушевската република, првата република на Балканот, и 67 години од создавањето на првата македонска држава. Двата историски Илиндена се одбележуваат со низа прослави.

Претседателот Ѓорге Иванов положи цвеќе пред споменикот на претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, на скопскиот плоштад.

„Како што Илинденците од 1903 и борците од 1941 до 1945 година, низ сплотеност и обединување, се бореа и изборија за самостојна, независна и суверена македонска држава, така на нас е, низ сплотеност, да го оствариме сонот на македонските граѓани за демократска, европска и евроатлантска Република Македонија.“

На народниот собир на Мечкин Камен во Крушево ќе се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Делегацијата предводена од Вељаноски утринава положи цвеќе на гробот на Никола
Како што Илинденците од 1903 и борците од 1941 до 1945 година, низ сплотеност и обединување, се бореа и изборија за самостојна, независна и суверена македонска држава, така на нас е, низ сплотеност, да го оствариме сонот на македонските граѓани за демократска, европска и евроатлантска Република Македонија.
Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што се одржува големиот народен собир.

Спикерот Вељаноски упати илинденска честитка до граѓаните.

„Како во духот на двата Илиндена каде јасно се дефинирани општите и посебните човекови права и слободи, така и денес треба да се гради и негува мултиетничкиот, мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на нашата држава. Со ова македонскиот народ, го потврди и го надгради својот космополитски дух, толеранција и почит кон другиот“, се наведува во честитката.

Премиерот Никола Груевски, пак, ќе се обрати на народниот собир во кумановско Пелинце кај Меморијалниот центар АСНОМ, откако, како што е најавено, ќе присуствува на поставувањето камен темелник за изградба на катна гаража во близина на објектот на МЕПСО во Скопје. Годинава нема да биде испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јурисдикција на Српската православна црква.

Питу Гули.

Во битолското село Трново ќе се одржува традиционалната 40. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците и Светскиот македонски конгрес.

Во Крушево денеска пристигнуваат и коњаниците кои традиционалниот Илинденски марш и оваа година го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година подоцна, во манастирот Св. Прохор Пчињски, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ, на кое Македонија е прогласена за рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG