Достапни линкови

Продолжува штрајкот на грчките таксисти


Стотици грчки таксисти денеска протестираат денеска пред Владата во Атина поради одлуката за либерализација на такси превозот. Таксистите и денеска ги продолжија блокадите на повеќе места во Грција, а поради штрајкот вчера беа блокирани магистралните патишта меѓу Атина и Патра. Протести имаше и на островите Крит, Крф и Самос, како и во Солун и Каламата.
XS
SM
MD
LG