Достапни линкови

СБ на ОН одржа седница за Сирија


Хама

Советот за безбедност на Обединетите нации одржа седница зад затворена врата посветена на можната резолуција за осуда на режимот во Сирија за употребата на сила во справувањето со антивладинте протести. Сиријската војска во неделата убила над 100 луѓе, главно во градот Хама кој, како што јавуваат агенциите, вчера бил цел на артилериски оган. Активисти за човекови права наведуваат дека притоа загинале најмалку 24 луѓе. Русија и Кина не сакаат да поддржат резолуција за осуда на режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG