Достапни линкови

Тачи не се откажува од северот на Косово


Премиерот на Косово Хашим Тачи

Премиерот на Косово Хашим Тачи

Премиерот на Косово Хашим Тачи изјави дека нема откажување или компромис со никој за безбедноста на земјата. Тој во интервју за агенцијата Асошиетед прес рече дека чувствува оти меѓународните институции го злоупотребиле трпението на Косово со тоа што му овозможија на северот на Косово да не биде под контрола на властите во Приштина. Командата на КФОР синоќа соопшти дека ситуацијата на северот на Косово била релативно мирна, но напната и оти граничните премини Брњак и Јариње се под контрола на КФОР. Во меѓувреме, на северот на Косово синоќа повторно пристигнаа претставниците на српската влада Борислав Стефановиќ и Горан Богдановиќ кои во текот на денов треба да се состанат со командантот на КФОР Ерхард Билер.
XS
SM
MD
LG