Достапни линкови

logo-print

Сто и осум години од Илинденското востание и 67 од Првото заседание на АСНОМ


Претседателот Ѓорге Иванов во Пелинце на 2 август 2010

Претседателот Ѓорге Иванов во Пелинце на 2 август 2010

Двата историски Илиндена: 108 години од Илинденското востание и 67 години од Првото заседание на АСНОМ денеска ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце. На централното чествување во Крушево ќе присуствува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Делегацијата ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржува голем народен собир. На народниот собир во кумановско Пелинце кај Меморијалниот центар АСНОМ ќе се обрати премиерот Никола Груевски. Годинава нема да биде испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јурисдикција на Српската православна црква.
XS
SM
MD
LG