Достапни линкови

Претставничкиот дом го одобри договорот за американскиот долг


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри законот со кој се дозволува зголемување на долгот на американската влада. Претставничкиот дом во кој мнозинство се републиканците, со 216 гласа „за“ и со 161 глас „против“ го одобри овој клучен потег за спречување на банкротот на американската влада. Најмногу гласови за одобрување дојдоа од републиканците, додека членовите од Демократската партија на претседателот Барак Обама беа поделени: 95 за и 95 против.

Договорот сега мора да биде изгласан во Сенатот кој е предводен од демократите. Според некои најави, тоа би требало да се случи денеска, по што законот оди на потпишување кај претседателот Обама. Според договорот, границата на американкиот долг се покачува за 2,4 билијарди долари. Демократите во Конгресот се противеа на кратењето на трошоците без зголемување на даноците за богатите, што не го прифаќаа републиканците.
XS
SM
MD
LG